Заев: Само Груевски е виновен за 27 април, останатите биле манипулирани луѓе

Премиерот Зоран Заев тврди дека главен организатор на настаните од 27 април во Собранието во 2017 година е поранешниот премиер Никола Груевски, а неговите блиски соработници, кои учествувале во тоа, се само изманипулирани луѓе.

„Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука“, сведочеше на денешното рочиште во судот  во Скопје.

Заев не се сеќаваше дали спикерот Трајко Вељановски повикал некој пратеник да се откаже од правото на збор  и дали потпишал барање за продолжување на конститутивната седница.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во случајот се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кои се теретат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Total
0
Shares
Поврзани објави