Заев и родителите на убиените момчиња кај Смилковско , ќе се соочат во судница

По долго инсистирање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско Езеро Зоран Заев да биде повикан како сведок, денеска тој во 11 часот треба да дојде во Кривичен суд на судскиот процес Монструм.

Во периодот кога СДСМ ги пушташе бомбите Заев кажа дека индиции за убиството кај Смилковско Езеро. Ветуваше дека се ќе се открие и дека вистината ќе излезе во јавност, но освен што првата пресуда е укината и обвинетите се ослободени од притвор засега нема нови детали или сознанија изнесени во судница. Родителите инститираа тој да дојде и да каже што знае и обвинија дека биле излажани изманимуплирани , дека убиството на нивните деца било искористено за политичка битка.

Пред неговото појавување во судницата беше презентирана снимка од седница во Собрание за пратенички прашања.

„Вие премиере Заев како опозиционер пред еден од родителите на убиените деца изјавивте дека имате прислушувани разговори кои ќе го расветлат случајот. Дали се тоа вистински докази, или е разговор за субвенции што требало да ги добие еден од обвинетите?“, прашува на снимката од 2017 година пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев одговори:

„Таму има сериозни индиции и моја обврска е да ги дадам во СЈО. Има разговор како Фејзи Азири моли кај градоначалникот Невзат Бејта да му бидат исплатени субвенции. Тоа му го кажав и на едниот од родителите на убиените деца. Имаат право да знаат. Овој случај има право да се истражи одново, бидејќи има нови моменти кои треба да се истражат“, вели Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Даравелски на слобода

Даравелски веднаш откако ќе ја прими одлуката за ново судење треба да биде пуштен од Идризово на слобода.…