Во Кривичниот суд денеска требаше да сведочи пратеникот Влатко Ѓорчев во врска со настанаите на 27 април односно моментите кога беше нападнат и тепан пратеникот Зијадин Села. Но судијата појасни дека Ѓорчен немал уредна покана и затоа неговото сведочење ќе се слушне друг ден. Во судницата требаше да биде и Зоран Заев, но тој испратил оправдување дека поради претходно договорени важни состаноци не е во можност да присуствува на судењето.
Судот нив ќе им испрати повторно покани, а за денеска ќе продолжи со јавно презентирање на видео материјали на кои се гледаат моментите кога Села енападнат влечен по земја целиот облеан во крв.
За овој случај обвинети се: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски.
Поврзани објави
РУСКОВСКА: Интерпол не ска да ги објави потерниците за Груевски и Бошковски
Обвинителката и шефица за организиран криминал, Вилма Русковска на прашање на новинарите до каде е истрагата за Никола…
Ракометарот Тот починал од силни удари во главата – почна судењето за неговото убиство
Со воведен говор на јавниот обвинител, во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска започна судењето за убиството на…
Кривичен бара судијката избрана за Апелација да го досуди Ласкарци зашто може да почне од почеток
По изборот на осуммина судии во Апелациониот суд, четворица за кривична и четворица за граѓанска материја, Кривичниот суд…
ЕКСКЛУЗИВНО:Предмети поврзани со БЕГ делени на рака, АКМИСОТ 6 години не работи
Во Основниот Скопје 2 граѓани кои имаат долги судски спорови се жалат дека во судот предметите не се…