За Вангеловски ќе одлучуваат тројца негови колеги

Поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски кој беше суспендиран и разрешен од Судскиот совет, пред истекот на законскиот рок поднел две жалби.

Тој барал да се преиспита одлуката за суспендирање со која Вангеловски беше времено оддалечен од вршење на судиската функција и од функцијата претседател на суд.

За жалбата која ја поднел во однос на одлуката за разрешување, таа ќе биде доставена до Врховниот суд кој треба да формира комисија составена од тројца судии од Врховен, по еден од четирите апелациски подрачја и двајца судии од матичниот суд на разрешениот судија.

Total
0
Shares
Поврзани објави