На денешното судење во предметот „Топлик“ сведочеше вработена во Министерството за транспорт и врски, која била член на Комисијата за јавно наддавање на градежно земјиште. На прашање на обвинителот од СЈО што констатирала Комисијата, сведокот рече дека документацијата била некомплетна и затоа не може да се донесе одлука за јавно наддавање. „Немаше нумерички податоци за сите градежни парцели, немаше уверение за движење на катастарските парцели“, рече сведокот. Додаде дека бил составен записник со кој сакале да го известат министерот дека не може да се објави повик за јавно наддавање со некомплетна документација. „Баравме од министерот да нè разреши од Комисијата“, рече во сведочењето поранешната вработена во Министерството.
Подоцна рече дека никој не ја известил оти е разрешена. „Подоцна разбрав дека сум била ставена во второформираната комисија, иако не знаев за тоа“, таа.
Сведоците кои денеска не се појавија следниот пат ќе бидат стражарно приведени во судот.
Првообвинет во предметот „Топлик“ е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Се работи за случај при продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.
Поврзани објави
Условни казни за насилство на 27ми април преиначени во затворски
Апелацискиот суд ги преиначи првите девет условни казни за насилство во Собранието на 27 април, во ефективен затвор.…
Обвинение против Борис Стојменов за бесправно градење кај “Беко”, тој најавува нова афера РЕКЕТ
Обивинтелството поднесе обвинение против Борис Стојменов и неговата фирма за бесправно градње кај објектот Беко. Во соопстението пишува…
Камчев се спогоди до државата , но му остануваат уште 7 месеци затвор
Бизнисменот Орце Камчев, иако со спогодба е осуден на казна затвор од една година, за случајот “Империја”, сепак…
Две години затвор за Никола Груевски , потврди Апелација
Затворската казна од 2 години за експремиерот Никола Груевски ја потврди Апелациониот суд Скопје. Казната е за незаконито…