Вршителот на должноста претседател на Врховниот суд , Фаик Арслани, изјави дека се уште не е испратена одлуката до Кривичниот суд со која се потврдува четиригодишната затворска казна за Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, за случајот „Тенк“.

Кривичниот суд откако ќе ја прими одлуката,  веднаш ќе треба да го изготви и упатниот акт за издржување на 4-годишна казна, но Арслани вели дека станува збор за комплексен случај на кој сеуште се работи.

– Има повеќе вонредни правни лекови и треба едно по едно опширно да се образложат, затоа ни треба малку повеќе време. Треба да сме трпеливи неколку дена, изјави Арслани за МИА.