Врховен суд со кривична за Неделкова, ја сомничи за фалсификување документи поврзани со работата на СЈО

Врховниот суд денеска соопшти дека поради сомнеж за фалсификување документи од поранешниот пртеседател на судот Лидија Неделкова , против неа актуелниот претседател поднел кривична пријава. Ова е прв пат во историјата на македонското судство да се отворат вакви сомнежи за фалсификување и манипулирање со одлуки од кои сносат последици постапки во целиот судски систем. Во продолжение соопштиението на Врховен суд во целост:

– До Врховниот суд на Република Македонија од Портал Судство на 17.01.2018 година доставено е барање за добивање информација за тоа дали во 2016 година Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Македонија донел став, правно мислење или заклучок во врска со легитимирањето на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, во постапките пред судовите.
По извршената проверка во Врховниот суд на Република Македонија, утврдено е дека тогашниот Претседател на Одделот за казниви дела во Врховниот суд на Република Македонија на 25.03.2016 година изготвил писмо со невистинита содржина адресирано до Основниот суд Скопје I Скопје, во кое е наведено дека Одделот за казниви дела го разгледал барањето и дека дал одговор со кој укажал на потребата Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите соодветно да се легитимира по однос на својата надлежност, а поврзано со конкретен кривично правен настан, иако одделот не одлучувал по тоа барање и не се произнел по барањето. Истото писмо потоа повторно е заведено со датум од 01.12.2016 година и го доставил до Основниот суд Скопје I Скопје.
Од овие причини, Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија наредниот ден по приемот на барањето на 18.01.2018 година поднесе кривична пријава против тогашниот Претседател на Одделот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје. За поднесената кривична пријава истиот ден е известен и Јавниот обвинител на Република Македонија кому му е доставена копија од кривичната пријава со доказите. На 23.01.2018 година за тоа е доставено известување до Судскиот совет на Република Македонија.
За невистинитоста на податоците во писмото, Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија со писмо од 22.01.2018 година го извести Претседателот на Основниот суд Скопје I Скопје.

#соопштение Врховен суд

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ременски во Обвинителство

Пратеничката Фросина Ременски дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите…