Врховен неделава ќе одлучи за спогодбата од случајот “Пуч”

По одлуката за случајот Монструм, Врховниот суд неделава ќе одлучува и за предметот за Звонко Костовски, единствениот кој призна вина и направи спогодба за случајот “Пуч”, во кој обвинет беше и премиерот Зоран Заев. Судот треба да одлучува по барањето на СЈО за евентуално укинување на спогодбата. Според СЈО Звонко Костовски е осуден како помагач во вршење на шпионажа во случајот „Пуч“, а пресудата не се базира на докази. Дополнително е спротивна и на законот – не може некој да биде осуден за помагач во вршење на делото шпионажа без да биде осуден оној на кој му помагал , навеле од СЈО во барањето до Врховниот суд.
На одлуката се чека повеќе од една година. во септември годинава беше ставена на дневен ред. Во Спогодбата на Обвинителството за организиран криминал со Ѕвонко Костовски направени се процесни повреди на одредбите кои се применуваат при спогодувањето за вина, образложи тогаш обвинителката Фатиме Фетаи.
„Спогодбата е на штета на осудениот Костовски, бидејќи тој е прогласен за виновен, односно осуден за помагач за кривично дело шпионажа. Во овој случај не било утврдено кривично дело шпионажа, ниту била утврдена конкретна одговорност на непосредниот сторител на кривичното дело шпионажа, бидејќи битието на тоа дело се состои во прибавување на тајни податоци и документи, со намера да бидат предадени на странска држава, организација. Во пресудата ниту е наведено која е таа странска држава, ни која организација, ни лица“, објасни Фетаи како во пресудата со спогодбата има осуден помагач на кривично дело, а нема сторител, ниту докажано дело.
Костовски беше осуден на 3 години затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави