Вработен во Кривичен суд позитивен на Ковид 19

Од Кривичен суд од каде денеска беше најавено дека од среда треба да продолжат редовно судските постапки, стигна најнова информација дека вработен во судот е позитивен на тест за Корона вирусот. Според нашите информации се работи за вработен во судската писарница кој живее во Чаир. Засега од судот нема информации дали само вработените во писарницата или и други ќе заминат во изолација. Кривичен чека напатствија од Комисијата за заразни болести и од Судски совет. информацијата за Досие ја потврди вработени во судот, чекаме официјален став или соопштение од надлежните.

К.М.

Total
0
Shares
Поврзани објави