Возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки кај Универзална од 6 падна на конечна 3 годишна затворска казна

По долг и мачен судски процес со две пресуди од кои едната 6 години и 4 месеци а втората 4 години , Апелациониот суд во Скопје со намалување на втората пресуда за една година донесе конечна одлука 3 години затвор за Љубиша Видојковиќ кој беше обвинет за прегазувањето на студентката Фросина Цековска.

Оваа сообраќајка предизвика огромен револт во јавноста. Девојката беше прегазена на пешачки а возачот помина на црвено. Токму поради оваа сообраќајка и на овој дел од пешачкиот е предвидено поинакво движење на пешаците.

Видојковиќ првично доби 6 години и 4 месеци затвор но оваа пресуда Апелациониот суд ја укина и на повтореното судење му беа изречени 4 години. Овој пат АПелација намали една година.

Во текот на судскиот процес беше доведено во прашање кој го возел автомобилот со кој беше прегазена Фросина. Но обвинителството сепак потврди дека возачот е снимен од безбедносните камери, но како клучен доказ е направената ДНА-анализа, со која се потврдува дека Видојковиќ управувал со возилото со кое била удрена Фросина

Обвинетиот направил неколку пропусти кои покажуваат дека делото е сторено со умисла. Прво, тој свесно, иако имал испиено неколку чашки ракија, односно имал 1,23 промили алкохол во крвта, како што покажа вештачењето, седнал зад воланот да вози. Второ, иако му бил познат теренот, тој возел со брзина поголема од дозволената, односно со 85 километри на час, и трето, иако бил свесен дека на булеварот Партизански одреди има семафори и пешачки премини, не ја намалил брзината кога се приближил до нив. Но уште поголемиот пропуст и неговата свесност обвинителството го посочува кон моментот кога бега од местото на несрќата, беше ставот на обвинителството

Total
0
Shares
Поврзани објави