Вице Заев не дојде на судење

Братот на премиерот, Зоран Заев, Вице Заев не се појави во граѓанскиот суд каде го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски за клевета. Во судницата како негов полномошник се појави Горан Заев од Струмица.

Вице Заев не го тужи Николовски за обвинувањата за криминална коалиција меѓу него и Сашо Мијалков за обезбедување на мнозинството во парламентот, туку за изјава во која Николовски кажал европски вредности не се наместени тендери за братот на Заев кој станал главен бизнис фактор во државата.

Вице Заев бара 30.000 денари бидејќи оваа изјава кај него предизвикала вознемиреност, напнатост и потење. Вице Заев на следното рочиште на 26 февруари ќе мора да се појави и да даде исказ пред судија.

Total
0
Shares
Поврзани објави