Вилма новата Катица, прислушкуваните разговори ќе се уништуваат, СЈО се гаси

Премиерот, Зоран Заев, денеска соопшти дека пред Собранието ќе предложи нов Закон за јавно обвинителство, кое ќе ја дефинира трансформацијата на Специјалното јавно обвинителство. Неуспевајќи да се договори со ВМРО-ДПМНЕ за нов Закон, Заев ќе се обиде во парлементот да добие доверба од пратениците за новиот предлог.

На денешната прес конференција Заев соопшти дека новото обвинителство ќе работи во рамки на Републичкото јавно обвинителство, односно дека ќе биде во хиерахија и субординација кон државното јавно обвинителство. При тоа тој рече дека новото име на СЈО ќе биде Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција, а за шефица ја предлага обвинителката Вилма Рускоска, која во моментов шефува во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

-Суштинските делови на овој предлог закон кој денеска ќе биде доставен до политичките партии и до медиумите, предвидуваат СЈО како структура да се интегрира во досегашното ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и да добие нов назив односно Јавно обвинителство за гонење организира криминал и  високa корупција. Ова обвинителство ќе има надлежност на цела терит на Република Северна Македонија – рече Заев.

Премиерот додаде дека текстот на законот предвидува обвинителите од СЈО да продолжат да работат во ова обвинителство.

Total
0
Shares
Поврзани објави