Екс судијата Владимир Панчевски кој беше и претседател на Кривичен суд сам се пријавил во Истражниот затвор во Шутка. По него беше распишана потерница откако по налог на судот не можеше да биде пронајден. Кога Панчевски разбрал дека има притвор за него сам со адвокатот се пријавил во затворот. Судењето за кое му е определен притвор е на 27 ми месецов во Велес.

Обвинет е за злоупотреби со електронскиот систем на распределба на судски предмети (АКМИС), за време на неговиот мандат како претседател. Според обвинението, дел од предметите, место да ги пушти во АКМИС-от да бидат распределени по електронски пат по случаен избор, тој ги давал на рака на подобни судии.

Р.Д.