Вице Заев : Не сум сопственик на многу фирми , мои братучеди работат со медицинскиот канабис

Во Основниот суд Скопје 2 се соочија Вице Заев и Александар Николоски по тужба од Заев. На расправата Николоски со документи и извештаи од медиуми го распрашуваше Заев на што е се сопственик или на каде има удел тој и негови блиски роднини.

Вице Заев кажа дека е стопроцентен сопственик и управител на две фирми од Струмица, „Тотал електрик“ и „Тотал инженеринг“ и дека има акции во уште 2 локални фирми.

Вице Заев ниту како физичко лице, ниту со учество преку правните лица, не сум влегол, ниту имам капитална и управувачка улога во таа фирма. Моите први братучеди имаат“, рече тужителот на прашањето од тужениот дали е поврзан со фирмата за одледување медицински канабис.

Братот на премиерот рече дека не е сопственик на цигланата „Еленица“, туку бил член на управен или надзорен одбор, а не сопственик. Вице Заев рече не бил сопственик на штедилницата „Пеон“, туку вработен како референт од 1996 година.

Вице Заев бара 30 000 денари отштета оти според тужбата по изјавите на Николоски чувствувал вознемиреност, црвенеел и имал главоболки. Судењето продолжува на 12 април.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Фетаи се откажа од обвинението против Рангелова и уште двајца обвинети во „Шамарите во Центар“ – за останатите настроги казни

Обвинителката Фатиме Фетаи, се откажа од обвинението против тројца од обвинетите во случајот познат како „Шамарите во Центар“:…
Повеќе

Судење Монструм: На средба кај претседателот со семејствата на убиените деца разбравме дека лидерот на СДСМ им кажал клевети за паднат телефон од полициски службеник -телефонот ми е дома !

Поранешниот советник за национална безбедност Синиша Алексовски, на денешното рочиште за „Монструм“, рече дека имал усна информација од полицискиот…