Уставниот суд ја одложи расправата за помилувањата на Иванов

Уставните судии го одложија оценувањето на уставноста на член 11-а од Законот за помилување со кој требаше да се расчисти дали поранешниот претседател Ѓорге Иванов можел да ја повлече аболицијата.

Како што објави ТВ 24, судијата Осман Кадриу предложил да се одложи одлучувањето, бидејќи има клучни разлики меѓу предлозите на судијата Дарко Костадиновски кој сега е известител за оваа иницијатива и предлогот на судијата Владимир Стојановски на кого минатата година му беше доделен овој предмет, но неговиот мандат заврши.

Според Кадриу, предлогот на Стојановски тогаш бил да се поништи или укине спорниот член 11-а, а сега предлогот на Костадиновски е да се запре постапката по ова одлучување. Според него ова се дијаметрално спротивни предлози и затоа по оваа точка не треба веднаш да се одлучува, туку треба одново да се расправа.

За овој предлог тој доби поддршка во гласањето од претседателот на Уставен Сали Мурати и судиите Маркудова и Ајдари.

Судијата Јован Јосифовски беше против ова одложување i изјави дека Уставниот суд веќе четири години не може да донесе одлука по ова прашање, а и точката еднаш веќе била одложена, пред 3 недели. 

Уставните судии не се договорија ниту дали одлучувањето да се одложи за друга седница како што тоа го предложи Кадриу, а не да го изгласаат дневниот ред. Изјаснувањето е 4 спрема 4 и им недостасува пресудниот глас од најавената судијка Добрила Кацарска за која во Собранието денеска трет ден се води расправа и допрва треба да се гласа за нејзиниот избор.

Total
0
Shares
Поврзани објави