Уставните судии гласаа зад затворени врати. Со 5 гласа ЗА и 3 гласа ПРОТИВ, донесоа одлука дека помилувањето кое го даде Иванов па потоа го повлече е уставно. Според ова останува да важи членот 11-а од Законот за помилување кој предвидува претседателот на државата да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што тој не е должен да ја образложи одлуката.

Судијата известител за иницијативата Дарко Костадиновски посочи и дека не смее на граѓаните да им се скрати правото да побараат повлекување на помилување доколку сметаат дека својата невиност можат да ја докажат во Суд.

Во 2016, екс претседателот Иванов, даде аболиција за 56 лица кои беа опфатени во истрагите на СЈО. Најголем дел од нив за време на постапките кои подоцна почнаа се повикуваа на фактот дека еднаш дадената аболиција не може да повлече и да се поништи. Како аргумент ги наведуваа и одлуките на грчкиот суд кој ја призна амнестијата како легитимна и врз основа на тоа одби да ги екстрадира поранешните начланици во УБК, Никола Бошковски и Горан Грујевски..

Обвинетите од СЈО не може да се надеваат на спас во помилувањата на Иванов – Уставниот суд по неколку одложени расправи одлучи дека поништената аболиција на екс претседателот е законска и со тоа останува на сила.

Дел од обвинетите покренаа постапка и пред Судот во Стразбур, со барања да се уважи аболицијата. Судот во септември побарал од владата одговор на тужбата, а откако ќе го добие, се очекува да се произнесе.