Условна казна за Ивона Талевска, 2 години затвор со услов од 4

Новинарката Ивона Талевска доби пресуда условна казна две години затвор со услов од 4 да не стори ново кривично дело. Таа денеска во судот призна вина за случајот „Тифани“, што Специјалното јавно обвинителство го покрена против неа. Ова е прва пресуда и прво признавање на вина за предмет на СЈО.
Според обвинението, Ивона Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок. Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра.

Total
0
Shares
Поврзани објави