Укинат првиот притвор на Мијалков

СЈО побара притвор за Сашо Мијалков и доби за Империја, но истовремено побара и укинување на протворот за Таргет – Тврдина за кој се чекаше седницана АПелациониот суд. За 24 часа до Кривиниот совет на судот адвокатите ќе поднесат жалба.

За Мијалков во моментов има 4 активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.

Во „Империја“ триесетдневен притвор добија пет осомничени лица и тоа бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на Пелагонија Цветан Панделески, како и директорот на фирмата Ексико Тодор Мирчевски.

Во овој случај, СЈО поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело, гони 14 лица, а има најави дека истрагата ќе се проширува и за други лица.

Притворот е побаран и одреден со образложение дека има можност за влијание на сведоци и бегство иако шефицата на СЈО Катица Јанева првично јавно кажа дека за овој предмет за Мијаклов СЈО нема да бара притвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави