Трка со времето да се изрече пресуда- судење 11 часа , одлагање “Мoнструм” да не пропадне “ТНТ”

Денешното рочиште за случајот „Монструм“ е одложено доцна синоќа поради проценката на судијата Огнен Ставрев дека е поважно денес итно да продолжи судењето за предметот „ТНТ“, после вчерашното рочиште кое траеше од 9 до 20.30 часот.

Но адвокатите на дел од обвинетите не дојдоа во судот по што беа казнети со по 2000 ерва. Судот сега ќе одреди адвокати по службена должност и ќе се потруди да донесе првостепена пресуда најдоцна за пет дена со оглед дека на една од поротничките и завршува мандатот. Судењето иако трае долго и е пред завршница, ако биде поставен нов поротник ќе почне од почеток.

За случајот „ТНТ“ во декември беа закажани три рочишта, на 2, 18 и 24, а за „Монструм“ само едно – денес на 19 декември. И претходно јавноста и стручната фела негодуваа за проценките на Ставрев, кој е претседател на судечкиот совет во „ТНТ“, а член на советот во „Монструм“, за очигледното форсирање на случајот за рушењето на објектот Космос на коалициониот партнер на Заев, Фијат Цаноски, поставувајќи го прашањето зошто овој случај е поважен за судот од случајот за петкратното убиство на Смилковското Езеро.

По синоќешното негодување на адвокатите дека вонредно закажаното рочиште за „ТНТ“ само 13 часа по крајот на вчерашното е на штета на квалитетното подготвување на одбраната за овој случај, судијата рекол дека „во интерес на обвинетите е судењето да заврши што побргу“.

Total
0
Shares
Поврзани објави