Поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кој е во притвор во Македонија, утре ќе биде ослободен, со што ќе може да се брани од слобода, дознава Aлсат од адвокатот на Морина, Насер Рауфи. Томор Морина е уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, поради распишана потерница од страна на Интерпол. Властите во Србија побараа негова екстрадиција бидејќи го сомничат за злосторства врз цивили на Косово.

Вчера адвокатот Рауфи, за Aлсат брифираше дека поднел барање мерката притвор да биде заменета со други мерки на претпазливост, односно да се овозможи Томор Морина да се брани од слобода.