Тодоров ги спасувал Шеќеринска и Села, Дамовски ја нервира Кацарска

На денешното рочиште во Кривичниот суд за крвавиот четврток сведочи ексвицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров. Тој рече дека се обидувале на мирен начин, со пеење на македонската химна, да го спречат изборот на претседател на Собранието.
„Немаше провокации од ниедна страна по што заминав кон кацеларијата на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Велјановск. Слушнав врева и излеговме од кабинетот и видов голема група луѓе влезени во Собранието. Некои од нив сакаа да влезат во кабинетот, но не успеаја“, рече Тодоров.
Посочи дека имало кошкање меѓу нив и групата што сакала да влезе, но не успеала. Тој рече дека потоа излегол од ходникот зашто било загушливо и се упатил надолу кон ресторанот. Тогаш му се јавила Радмила Шекеринска.
„Ми кажа дека еден човек е најверојатно мртов и јас реков дека треба да се повика итна медицинска помош. Се јавив веднаш на директорката на Здравствен дом и побарав екипи“, рече Тодоров.
Трипати се обидел да влезе во прес-салата, но не успеал зашто вратата била тесна и имало многу луѓе кои не му дозволувале.
Ексминистерот за здравство Никола Тодоров на сведочењето за крвавиот четврток во судницата рече дека тој дал наредба да ги маскираат Зијадин Села и Радмила Шекеринска за да ги евакуираат.„Села го маскиравме во полицаец, Шекеринска во докторка”, рече Тодоров во сведочењето. Тодоров рече дека тоа го направиле благодарение на присутните полицајци.
„Едниот ја даде значката, другиот го даде елекот”, се присетуваше ексминистерот.
„Реков на Шекеринска да ѝ стават маска, капа, торба и мантил од доктор”, рече Тодоров.
Никола Тодоров сведочеше дека му се јавил на Чавков и побарал акција за спасување на Зијадин Села, откако претходно го пронашле на третиот кат, каде влегле со медицинска екипа. Една од докторките му рекла дека најверојатно има внатрешно крвавење во главата. Како што рече Тодоров, Чавков испратил специјални полициски сили кои дошле брзо за евакуација на пратеникот.
Судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште за судењето за 27 април од последен ред, ги премести обвинетиот Борис Дамовски и неговиот адвокат Рубин Двојаков во првите редови од судницата, бидејќи постојано зборувале.
– А вие господине Дамовски обвинет се за сериозно кривично дело и не знам како можете да се однесувате така ноншалантно и иронично – му рече Кацарска на Дамовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ченто останува во притвор

Тричлениот кривичен совет на скопска Апелација ја одби жалбата на обвинетиот за собраниските насилства, Јане Ченто, да му…