“ТНТ” пука во Кривичен

Конечно во Македонија завладеа правото! Проработи “Слободата на совеста која е признаена насекаде“, вели адвокатот Јовица Страшевски во соопштението за медиуми испратено утринава.

Тој посочува дека во текот на вчерашниот ден добил информации дека поранешната судија-поротник Лидија Ивановска-Кочковска поднела неотповиклива оставка од позицијата судија – поротник поради истек на мандат.

-Во оставката го информирала Претседателот на Основниот Кривичен суд дека повеќе не сака да присуствува на било кое рочиште. Според информациите и покрај тоа што поранешната судија-поротник Лидија Ивановска Кочковска оставката и официјално ја доставила во архивата на Основниот кривичен суд Скопје, по налог на Претседателот на судот истата не била прифатена и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата кои се закажани особено за предметот ТНТ.Итно го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да постапат по оваа информација и на целокупната македонска јавност и ја соопштат вистината околу случувањата во Основниот Кривичен суд поврзани со овој настан, вели адвокатот Страшевски.

Воедно, како што пишува тој, ја повикува Ивановска Кочковска да продолжи да работи по законите во Македонија, да го почитува и применува владеењето на правото, да не потпаѓа под никакви притисоци закани уцени,ветувања…

На овој допис му одговори Кривичниот суд….

Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски кој денска беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи.

Неспорен е фактот дека судијата – поротник вчера побара прием кај претседателот на судот на кој му се пожали дека прима закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет за што е доставена и изјава. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет.

Но, зачудува фактот како адвокатот кој официјално е на одмор и неможе да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжува со прозивки и притисоци? Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуаат до судот, од други лица, кога истите се доставуаат само до приемното одделение? Како се дозволува некој и понатаму да влијае на судиите и судиите – поротниции надвор од судница.

Заради сите овие прашања судот повторно апелира до Министерството за правда, Адвокатската комора, Судскиот совет на РСМ и Јавниот обвинител да преземе соодветни мерки и да го заштити судот, бидејќи доколку овие „методи“ вродат со плод, истите може да бидат применети и во сите други судски постапки.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави