Тежок инцидент во Кривичен : Службеник во судница го нападнал поранешниот претседател Панчевски

Утрово во Основниот суд 1 во одделот за прекршоци се случил тежок инцидент кога вработен во судот упаднал во судница на судија и почнал да му се заканува, дознава Досие. Настанот се случил во судницата на поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски, а лицето кое го нападнало е Горан Стаменковски раководител во судот и еден од луѓето блиски соработници на актуелниот претседател Иван Џолев.
Била повикана и интервенирала полиција. Бил известен и дежурен обвинител , од каде било добиено известување дека нападнатиот судија може да го гони напаѓачот по приватна тужба, иако нападот е во судница во службени простории на судија.
Ова не е прва пријава за насилство за Стаменковски. Тој беше актуелен во јавноста кога пред неколку месеци физички нападна вработена во судот исто така во канцеларија на судија. Тој беше соработник на Панчевски, но потоа му стана лут непријател.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Наќевски го праша Заев дали пред мајките го споменал и името на Трајко Вељановски и што рекал за него? – Не поседувам, ниту сум видел било какви докази за негова инволвираност, освен неточни писанија од квази новинари

Во продолжение од судскиот процес Монструм родителите на убиените деца го прашаа Заев за имињата и вмешаноста на…