Миле Јовановски, татко на Боки 13, e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина. Тој беше обвинет за физички напад на свештеникот Виктор Стојчев. Обвинетиот Јовановски не дојде на изрекување на пресудата.

Според обвинението, Јовановски на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата. Судијата Александра Ристеска кажа дека олеснителна околност за висината на казната е дека обвинетиот досега не бил осудуван. За делото на Јовановски според Закон е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.