Одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски кому не му беше одземен имунитетот не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите.

-Одговорноста ќе биде кај Судот кој треба да го обезбеди присуството на сите осомничени и обвинети, кажа Џафери.

Обвинителката Вилма Русковска откако пратениците не му го одзедоа мандатот на Вељаноски, кажа дека одговорноста за евентуалното бегство ќе биде кај пратениците.

Спикерот Џафери ја закажа седницата за одземање на имунитетот на Велјановски во неделата откако надлежната комисија не донесе никаков став со 4 за и толку против гласови. Се дебатираше до полноќ кога дебатата кулминира со кавга и брање за пауза од ВМРО ДПМНЕ а оста реакција од спротивната страна. Џафери како што појасни и времето поминало но и бил навреден од пратеникот Зекири ија прекина седницата.

Следниот ден го извести судот дека Собранието не го одзело имунитетот на Велјановски.

фото: Nezavisen.mk