Основниот суд Прилеп распиша тендер за набавка на ново моторно патничко возило (лимузина со 5 врати). Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 847.457 денари. Критериум за доделување на договорот е најниската цена. Веќе се направени подготовки за набавки и во други судови по примерот на скопскиот Апелационен суд. Апелациониот суд Битола за иста цена, од 27.560 евра од буџетот ќе купува патничка лимузина.

Според тендерската документација, автомобилот треба да биде со погон на сите 4 тркала и со моќност од минимум 140 kw како и црна металик боја.

На списокот купувачи на нови автомобили се и судовите во Велес и Штип. Тие ќе потрошат 13 илјади евра. Но, Управниот суд и гостиварска Апелација не се толку скромни, па ќе потрошат по 27 илјади евра за да купат нови возила.

Возниот парк го поднови и судот во Тетово- си купија автомобил од 19 илјади евра.

Интерено е што овие институиции имаат право да добијат службени автомобили од запленети возила и тоа одлични и скапи возила кои се чуваат во депоа и по правосилност на пресуда се продаваат на лицитација. Но има и такви кои под рака ги знемува од депоата или никој не смее да ги допре. До скоро добро сочуван скап автомобил Хамер имаше и во депото до затврот Идризово.