Обновено: Нема екстрадиција за Морина, останува во притвор до правосилност на одлуката

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Тoмор Морина во Србија.

– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Т.М. во Република Србија како баратели на екстрадицијата – соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, веднаш ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување.

Основниот суд во Скопје го отфрли барањето на поранешниот војник на ОВК Томор Морина да биде ослободен од притвор.

Томор Морина е во притвор повеќе од две недели. Тој беше уапсен на 24 јули од македонската полиција на граничниот премин „Блаце“. ИНТЕРПОЛ, на барање на Србија, издаде налог за апсење на Морина.

Total
0
Shares
Поврзани објави