Судијката од “Диво Насеље” , која одби замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ и други барања на СЈО од прекршоци се враќа на кривично

Интересна преселба или транфер на судии се случува во Кривичен суд. Судијата Верка Петковска која го судеше предметот “Диво Насеље” се враќа на кривична материја од одделот за прекршоци во парк. Таа го водеше предметот неколку месеци и во текот на судењата се случија неколку недоразборања со адвоктите, но и јавноста која неколку пати остана надвор од судот оти немаше место во судница. Токму за овој предмет тогашниот претседател на Врховен суд Лидија Неделкова не и дозволи да ја користи големата сала во овој суд оти таа според тогашното обазложение беше само за свечености,а и ги даде само ходниците но не и судницата.
По завршувањето на овој предмет токму неа и се падна да одлучува за поведување постапка против судии осомничени од СЈО. Таа бараше мислење од Судскиот совет како да одлучува за нив бидејќи судиите се повикаа на судиски имунитет. Таа беше дел од тричлениот Совет, заедно со судииите Горан Бошевски и Ленка Давиткова, кои одлучија да не се замрзнува имотот на ВМРО-ДПМНЕ и на партиското седиште и со тоа го одбија барањето на СЈО за случајот „Талир“. Спомената судијка беше и во советот кој не дозволи притвор за градоначланикот на Пустец, Едмонд Темелко. Верка Петковска е еден од осумтемина кандидати кои се пријавија на последниот избор за претседател на скопскиот Кривичен суд. По сите овие одлуки таа беше префрлена во одделот за прекршоци.
Но претседателот сега ја враќа назад во Кривичен односно во кривичниот оддел. Наводно доволно се одморила од “Диво насеље” и останатите предмети и се враќа на старото место, а на нејзино место доаѓа судијата Драган Николовски, кој има здраствени и проблеми и му е овозможено да работи полесни предмети. Дознаваме дека Николовски порано одбивал односно не сакал да оди во овој оддел, но сега се согласил односно го сменил мислењето.

Total
0
Shares
Поврзани објави