Судијка навредувала информатичар „ти си сељак од Стојаково“

По објавување на текстот „Судски совет во вонредна контрола кај „кравите и свињите“ на Злата Попова во гевгелискиот суд, редакцијата на Сведок доби низа сведочења за малтретирањето што го трпеле вработените во гевгелискиот суд, но исплашени, како што велат самите поради блискоста на Попова со притворената Катица Јанева не знаеле каде и ккому да се обратат.

Но, сега, кога ги виделе членовите на Судски совет во посета на судот во Гевгелија, но кои не нашле време да се сретнат со нив, решиле до Судскиот совет и до јавноста да напишат писмени изјави за се што им правела Злата Попова, од заканите дека ќе ги тепа, до секојдневното викање и казнување, преку обидот да ги мава со хартија, за што неколкумина или побарале преместување или си дале отказ. 

СВЕДОК прва ќе ја објави изјавата на досегашниот информатичар на судот, кој не можејќи да ги истрпи навредите и понижувањата од Попова си дал отказ. Ќаев му пишува на Судскиот совет дека Попова го навредувала со „сељак од Стојаково“, местото каде што живее, не му давала одмор, му ги скратила додатоците на плата и постојано му се дерела, со што, наведува Ќаев му го згорчила животот, па воздржувајќи се да не направи некаква глупост кога го навредувала, решил да го напушти судот.

Еве што му пишува Милчо Ќаев на Судскиот совет:

-Го прочитав написот во порталот Сведок.мк и сакам да кажам дека се е точно во делот со однесувањето на Претседателката на судот во Гевгелија Злата Попова, дури нејзиното однесување спрема мене одеше и до тамуа што ќе ме фрлела сосе комјутер и мене преку прозорецот, сум бил малоумен, мозок сум немал,па и со закани дека ќе ме ишамарила ако излезам од нејзината канцеларија додека ми се дереше. Беше секојдневно тестирање на моите нерви до каде можам да издржам, а да не ме испровоцира да направам глупост.Не можејки да ги поднесувам ваквите нејзини изживувања после 19 години работен стаж каде судот работеше  беспрекорно  од никој поранешен Претседател на судот не казнуван, вработен со средно образование а сите години извфршував работни задачи кои по систематизација не се во мојот домен, јас не гледајќи каде можам да барам правда, знаејќи од каде ја црпи силата, не навлегувајќи во правни процедури си дадов отказ – му пишува Ќаев на Судскиот совет . 

текстот е дел од информација на порталот Сведок каде може да ја прочитате целата сторија

Total
0
Shares
Поврзани објави