Судиите треба да уживат углед, ама и да обезбедат еднаквост пред законот

Министерот за правда Боја Маричиќ смета дека судиите и обвинителите треба да уживаат највисок углед во општеството, но и дека новата генерација на судии и обвинители треба да внесе нова енергија во правосудството и на дело да се докаже.

Задача на идните судии и обвинители е да се погрижат законот да важи еднакво за сите, истакна министерот Маричиќ, на свечена церемонија во Врховниот суд каде се одбележа почетокот на обуката за слушатели на VII генерација во Академијата за судии и јавни обвинители.

Секој судија и јавен обвинител поединечно би требало да стори се за да ја одржува судската независност на институционално и лично ниво, да имаат еднаква почит и третман на странките со избегнување на секаква пристрасност и дискриминација. Подеднакво важно, судиите и обвинителите треба активно да соработуваат со медиумите и редовно да ја информираат јавноста за случувањата, истакна Маричиќ.

Според него, општество со бестрашни обвинители и судии може да стави крај на корупцијата и организираниот криминал, може да го подобри угледот на државата надвор и да ги задржи младите во државата бидејќи ќе знаат дека правосудниот систем функционира.

„Правдата е во ваши раце и направете граѓаните да видат дека се прави! И запаметете, кога еден ден ќе ја поминете целата Академија и ќе бидете избрани, секогаш носете пресуди во име на граѓаните и немојте тоа да го заборавите затоа што ним им служите. Храброст, транспарентност и етика нека зрачат од вас и вашата работa“, додаде Маричиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Зеќири останува во притвор

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи денеска Апелација го потврди…