Судиите против онлајн судења

Здружението за судии порача – услови за онлјан судења во судовите низ земјава нема. Врховниот судија, Џемаили Саити кој го води здружението, вели дека до сега никој од власта кој најавува онлајн судења не ги прашал за нивно мислење за дигитализација на судските процеси. Такви најави веќе дадоа министерот за правда Бојан Маричиќ и неговиот заменик Агим Нухиу.

Мислам дека во вакви услови и во една контрадикторна постапка која се одвива кај нас посебно во кривичните предмети, многу е тешко да се обезбеди преку онлајн судење веродостојност на постапката, особено имајќи ги основните начела на Законот за кривична и парнична постапка. Мислам дека треба да се бара решение со друга насока – изјави Џемаили Саити, Претседател на Здружение на судии.

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев смета дека идејата за он лајн судење е добра, но за да се реализира требаат измени на Законот за кривична постапка, процес кој зависи од политиката. Според него, не може сите судења да одат дигитално, но мора да се најде начин за нормален тек на рочиштата бидејќи пандемијата создава ризик дел предмети кои се важни за јавноста, да застарат.

Да постои да дел од предметите да застарат или да почнат од почеток со судење, што дополнително ги комплицира работите – рече Иван Џолев, Претседател на Кривичен суд.

Судијката од Граѓанскиот суд, Емилија Шопар – Јованова смета дека засега има услови за судења по протокол – дистанца, маска, често проветрување на судниците.

Од седум судења дневно, се случува по едно барање за одлагање да има поради позитивен резултат на некој од полномошниците на странките или на странката доколку има распит. Има, се случува сè почесто последните две недели – нагласи Емилија Шопар -Јованова, судија.

По сè погласното „не“ од еснафот за он лајн судења, Здружението на судии, со помош на ОБСЕ денеска промовираше протокол за заштита од КОВИД 19 при судењата. Заштитна маска, дезинфекција, дистанца, проветрување, електронска комуникација се препораките за превенција од корона вирусот.

извор: алсат-м

Total
0
Shares
Поврзани објави