Судиите од Кривичен нема да судат со месеци, граѓаните ќе го платат цехот

Одлуката на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев да направи нов распоред на судии во овој суд ќе запре да се судат илјадници предмети неколку месеци. Проблем ќе имаат и затворите оти ќе постапуваат по стари наредби за спровод на притворени и затворени лица кои ќе треба да ги носат пред новите судии.
Причина за кочење на работата во судот и затворите е големото прераспоредување на судиите. Цел организиран криминал доби ново поставени судии, како и одделите за прекршоци и малолетници. Исто така и во истражните одделенија се поставени нови судии кои добија и нови римски броеви. Прекројувањето на одделите и римските броеви ќе влијаат на многу предмети и на судбини на граѓаните од причина што сите постапки ќе треба да почнат од почеток поради новите судски совети. Тоа значи одложување и одолговлекување на судењата што ќе падне на товар на државата и на граѓаните кои плаќаат адвокатски услуги.
Со промена на римските броеви и судниците на судиите , се доведува во прашање и стартот на редовното работење на предметите оти секој предмет поединечно, новиот судија ќе треба да го проучи и да почне да суди од почеток. Тоа се однесува и на предмети до завршни зборови. Со ваквото одолговлекување и одложување на постапките постои опасност некои предмети да застарат и да бидат затворени без пресуда.
Колку последици по граѓаните ќе има последното големо рапределување на предметите ќе има увид Судскиот совет, кој ја контролира ажурноста и квалитетот на судиската работа.
Работата на раководните луѓе во најголемиот суд во Македонија неколку месеци наназад ја истражуваше Комисија од Министерството за правда, а извештајот се уште не е достапен.
Како ќе постапуваат судиите, дали граѓаните на новите рочишта ќе ги чека новоназначениот судија , дали судиите ќе праќаат нови покани со нови термини и број на судница, никој не може да одговори. Истото важи и за затворите кои ќе треба да направат целосно нови распореди за транспорт на притворени и затворени лица до судовите. Затворите со години имаат проблеми околу транспортот поради недостаток на возила и службеници за спровод . Според новите наредби ќе мора да се изработуваат нови планови за транспорт за да се усогласат со судовите кои судат кривични дела.

Total
0
Shares
Поврзани објави