Судење ТНТ – Миле Јанакиески: Не знам зошто Ви се брза предметот застарува за 11 години

Судењето за уривањето на комплексот „Космос“ е одложено за 20 јануари откако новиот состав на судечкиот совет го прифати барањето на одбраната за одложување на рочиштето поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски.

Адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски на почетокот на денешното рочиште, реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

Обвинителот Бурим Рустеми, поради ваквите околности побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски.

– Сметам дека поради економичност на постапката постојат услови за раздвојување на постапката за обвинетиот Тони Трајковски со цел да се искористат веќе закажаните рочишта, изјави Рустеми.

Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите во „ТНТ“, рече дека за него нема логика да се брза за да се донесе пресуда во предметот бидејќи предметот застарува за 11 години.

-Малку е чудно што на почеток на главно рочиште, кога обвинетиот е тука, обвинителството бара раздвојување на постапката. За мене нема логика ова, особено што предметот застарува во 2031 година. Не знам зошто на обвинителството му се брза за овој предмет, рече Јанакиески.

Предметот го следат многу перипетии и невообичаени постапки на судот кој сакаше да донесе брза пресуда по две години судење, но Трајковски беше претепан, сега е на боледување. Во меѓувреме судот и одбраната спореа околу легитимноста на поротничка која на крај самата си даде оставка.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ченто останува во притвор

Тричлениот кривичен совет на скопска Апелација ја одби жалбата на обвинетиот за собраниските насилства, Јане Ченто, да му…