Судење Монструм: Под телата на децата имаше крв и проектили

Денеска продолжи судскуот процес Монструм за убиството на момчињата и рибарот кај Смилковско езеро 2012 година. Сведочеше вештак од судска медицина кој потврди дека сите биле убиени н аместо каде се најдени. Ова беше барање на СЈО да се утврди дали момчињата се убиени кај Смилковско или на друга локација.

-Крв се наоѓаше под нивните тела. Исто така во земјата под некои тела беа пронајдени проектили, рече вештакот, кој одговори на прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи дали со сигурност жртвите биле убиени на местото каде што беа најдени. Вештакот Златко Јаќовски посочи дека една од работите која требало да ја утврдат е и дали жртвите биле убиени на таа локација.

Предметот од редовното обвинителство по укинувањето на првичните доживотни затворски казни и пуштање да се бранат од слобода на обвинетите го превзеде Специјалното јавно обвинителство.

Total
0
Shares
Поврзани објави