Судење крвав четврток: Југ се закани на Заев, Спасовски со детали за јамки, шилести колци , ќутење на полицијата

До доцните часови сниќа траеше рапитот на Зоран Заев и Оливер Спасовски за настаните од крвавот четврток. Додека Зев сведочеше се соочи со Игор Југ за кого обвинителството тврди дека сакал да го ликвидира.
„Освен што нема коса, тоа лице што го опишувам нема храброст ни да пука”, му рече Заев на Игор Југ гледајкќи го в очи. „А дали ќе ми дадете прилика да ви докажам дека имам храброст да го направам тоа за кое велите дека не можам да го направам?“, му рече Југ на Заев, по што судијата Карацска бурно реагираше. „Вие се заканувате Игор Југ, и тоа во суд. Ве предупредувам да престанете да се заканувате на сведокот“.
Заев детално раскажуваше за двата часа поминати во Соранието без помош од полицијата. Му било понудена негова евакуација но тој ја одбил.
“Ни се закануваа дека ќе не убијат. Бевме раскрварени од удари и по главата и по телото. Како и секој нормален човек, бевме исплашени и се обидувавме некако да се заштитиме од можен налет за евентуален напад врз нас. До тој момент луѓето беа до вратите на Собранието и успеаја да влезат. Влегуваа луѓе кои без никакво размислување влегоа кон нас да не нападнат. Убиј го Заев. Убиј ги пратениците. Фатете ги предавниците. Парарелно трпевме и физички напади. Бевме раскрварени од удари и по главата и по телото. Јас имав шест исекотини на главата од кои три на лицето. Дел од луѓето се обидуваа на секој можен начин да одземат живот. Знам што значи тепачка и некој да се степа, но лично јас неполни два часа очекував да го изгубам животот, рече Заев.
Рече дека покрај обезбедувањето и самите се бранеле и оти тоа било пресудно за да бидат зачувани животи.
Според него, најстрашен бил моментот кога во вториот ред по напаѓачите се шетале луѓе кои биле наредбодавачи и гледале чиста мета, ветојатно, како што рече, за да маваат со нешто или да пукаат. – Велам да пукаат зошто беше забележано дека дел од тие луѓе носат огнено оружје и може да го употребат. Тие два часа изгледаа цела една вечност,сведочеше Заев.
Додаде оти се обиделе да бараат помош од колеги и службени лица, но за жал не можеле да добијат информација дека полицијата ќе дојде и ќе ги спаси.
– Заев ти си следен, ти си следниот зошто Села го убивме еве го каде лежи. Ти си следниот а после и другите. Во масата луѓе се гледаше легнато телото на Села во крв и во тој момент мислевме дека е навистина мртов, рече Заев.
По него сведочеше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој кажа дека еден од напаѓачите со фантомки му рекол „сега Иванов ќе прогласи воена состојба, сите ќе ве уапсиме“.
„Полицијата ниту еден од тие што не тепаа, не го приведе. Како да дошле на концерт, ги пуштија да си заминат. Еден од тие со фантомки тогаш ми рече: ‘Сега Иванов кога ќе прогласи воена состојба, сите ќе ве уапсиме’. Ти си луд, му реков“, сведочеше Спасовски.
„Удирање со сè и сешто по нас, а реакција на полицијата никаква. Правеа јамки од каблите првин кон Заев, го промашија. Јас фатив една со раце. Јамките беа за да не извлечат од кордонот. Тепање, насилство, закани. Заев, тебе сега ќе те убиеме. Тебе кумановец ќе те убиеме, ми се закануваа и мене“Се јавија, им рекле оттаму дека немаат наредба за постапување. Оставени бевме сами на себе. Тогашниот пратеник Љупчо Николовски беше повреден со исшилен колец. Го повредија Љупчо во главата. Му висеше кожа. Еден од тие што не бранеа заедно со Влатко Ѓорчев ја извади маицата и рече: ‘Еве ви, запрете го крварењето’. Јас нема да дозволам ниеден патриот да биде повреден. Влатко Ѓорчев бараше помош, им се јавуваше на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа никој не дојде горе во прес-салата,“, рече Спасовски.
„Јас бев убеден дека жива глава од таму нема да извлечеме. Се слушна: Падна пиштолот. Се изгаси светлото во еден момент. Реков, сега е моментот за лишување од живот. За среќа, некој пак го вклучи“, раскажуваше во детали Спасовски. Во еден момент го видел претседателот на Собранието Талат Џафери како „клечи зад нив на подот и бара по мобилен помош од МВР“.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Даравелски на слобода

Даравелски веднаш откако ќе ја прими одлуката за ново судење треба да биде пуштен од Идризово на слобода.…