Срѓан Керим и Јана Станисављева сведоци во СЈО за случајот МПМ

Постапката за финансиските злоупотреби во МПМ отвори ОЈО Скопје, откако кривична пријава поднесе Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија денеска продолжува со распит на Срѓан Керим и јана Станисављева првите луѓе на компанијата сопственост на трте весници Вест Дневник и Утрински. Надлежноста за испитување на евентуален економски криминал ја презеде СЈО бидејќи потекнува од прислушуваните разговори.

Oбвинителството ги проверувало финансиските исплати во време кога весниците згаснуваа поради финансиска криза, а сомнежите се проверуваа преку Одделението за компјутерски криминал во МВР.

Истражители на СЈО минатата година влегоа во просториите на МПМ, чиј сопственик до пред истрагата беше Графички центар Скопје , кој беше во сопственост на Орка Холдинг на Орце Камчев.

Денес исказ пред обвинителката Лиле Стефанова даваат Срѓан Керим како управител и директорката Јана Станисављева.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Роднини на починати пациенти го пречекаа Жан Митрев пред судот со транспаренти: „Мојот Никола не е статистички број, барам правда“:

Членови на семејствата кои се лекувале во клиниката „Жан Митрев“ денеска со транспаренти го пречекаа кардиохирургот за кого…