Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека на поранешната министерка Гордана Јанкуловска и бил оставен околу пола саат време да се подготви и поздрави со семејството пред да биде спроведена во затворот Идризово на издржување на казна затвор.

„Ако акцијата за спроведување на Јанкулоска не беше експресна ќе ме прашавте зошто чекате и зошто уште се губи време за тоа“, изјави за 24 Вести Спасовски.

Тој тврди дека постапката била врз основа на наредба од судијата за извршување на санкции врз основа на пресудата на Врховниот суд.

„Наредната гласеше веднаш да се приведе лицето и моравме врз основа на тоа брзо мораше да реагираме. Законот мора да важи подеднакво за сите“, соопшти Спасовски.