Совет од 9 судии ќе одлучува дали Јово Вангеловски ќе остане судија или не

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски кој пред неколку дена беше разрешен од Судскиот Совет има рок од осум дена, во кои може да поднесе жалба за разрешувањето од позицијата.

Жалбата Вангеловски треба да ја поднесе до Советот од судии во кој членуваат девет судии. Тројца судии ќе бидат избрани од Врховниот суд, уште двајца од судот каде што работел Вангеловски, односно исто од Врховниот суд и по еден судија со ждрепка ќе биде избран од четирите апелациски подрачја во државава, (Скопје, Битола, Штип и Гостивар) кои покриваат по неколку основни судови.

Советот за одлучување по жалба може да го потврди или укине решението за негово разрешување.

Total
0
Shares
Поврзани објави