Тетовскиот суд е колевка на криминалот и корупција – пишува на импровизираниот елек на Жарко Серџовски кој се решил на ваков начин да го изрази својот револт за неколку судии. Тие, како што тврди, работеле против него.

Серџовски вели дека се обратил во неколку институции за помош, дури и во полицијата, но никој не сакал да ја слушне неговата ситуација.

За тврдењата на Серџовски,  од тетовскиот суд тврдат дека овој случај нема активен предмет во Основниот суд во Тетово.