Смаиловиќ: Апасиев предизвика верска нетрпеливост оти ме нарече муџахединка

По пресот на кој лидерот на Левица, Димитар Апасиев, рече дека добива закани по живот и по животот на своето семејство, граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ вчеравечер се огласи на фејсбук за кривичната пријава која ја поднесе против него.

Смаиловиќ објаснува дека пријавата е поднена преку Хелсиншкиот комитет за кривично дело предизвикување национална, расна и верска омраза раздор и нетрпеливост во врска со статусот на Апасиев во кој тој ја тагирал и пишувало „Поздрав до мојата колешка, антисемитска муџахединка Mersiha Smailovic од СДС-клеропатријахална“.

Во истиот текст следела и фотографија со текст „гласам за секуларна држава“, со што Мерсиха смета дека се предизвикало нетрпеливост кај припадниците на муслиманската вера во Македонија.

– Со овој пост се распалуваат и подгреваат чувства на непризнавање нетолеранција, упатување навреди омаловажување, но и бројни пораки од неговите приврзаници. Денес тој немаше одговор на ова обвинување, туку рече дека на видеото на мојот фб профил го навредувале него и семејството. Дури и јас имам ниво на комуникација која ја толерирам, па така сите вулграните пораки, навреди кон неговото семејство и недолични коментари ги бришев. Дури и видеото со коментари е уште достапно, и може да се види дека коментарите со подршка на Апасиев ги оставив, напиша Смаиловиќ.

Таа потенцира дека Апасиев е лидер на политичка партија, но и пратеник во Собранието и ваквиот говор треба да се санкционира.

Total
0
Shares
Поврзани објави