Со парична казна од 700 евра била казнет адвокат од судија во Основниот суд 2 во Скопје , поради наводи во жалба за претходно изречена пресуда. Судијата се нашол навреден и изрекува казна за адвокатот за што ќе биде известена Адвокатската комора и сите надлежни институции. Во Решението за казната пишува дека судијата се навредил оти во жалбата го пишувало и следново поради што и веднаш дава образложение за казнaта:
“Основен суд 2 го смени судечкиот судија на последното рочиште кој судечки судија во соработка со претходниот судија направил копја на претходно укинатат одлука без никакво образлозение на решителните факти од ново изведените докази. Со вака изесените наводи адвокатот без никаков повод и причина крајно непрофесионално изнесува навреди кон судот. Навредите се неаргументирани и согласно одредбата од член 102 став1 од ЗПП според која со казна од 200 до 1200 евра во денарска против вредност ќе се казни лицето кое го навредува судот , во конкрерниот случај поднесокот жалба е навреда”, констатирал судот.
Пресудата била нападната со жалба во која пишувало дека судот погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалното право, но пишува и дека некорегирана пресуда на овој суд повторно се пласира како исправна со исто образложение што е нон сенс во судската практика. Истата веќе имала оцена дека не може да произведува во правниот промет , бидеќи е укината од Врховниот суд , па неприфатливо и надвор од сите морални и законски вредности со исто обрзалозение без почитување на одлуката на највисокиот Врховен судот да препишува и повторно озваничува пресуда. Во жалабта пишувало и дека не е јасно како првостепениот суд одлучил да ја реиздаде истата одлука без да ги испита доказите и повторно да донесе контрадокторна и правно неиздржлива одлука.
Вакават одлука предизвика негодување на адвокатите. И судот во Стразбур има пракса “nemo judex in causa sua” што значи дека никој не може да биде судија во свој предмет, како што е во нашиов пример во кој судијата се нашол навреден и казнува. Адвокатите велат дека не им е јасно зошто колешката е казнета кога не е навреден учесник во постапка и како може сам судијата да казнува наместо да има посебна постапка кај друг судија.
Во Законот за адвокатура во членот 21 пишува дека адвокат не може да биде повикан на одговорноаст за мислење искажано во постапка за заштита на правата на странката која ја застапува. Во Решението на судијата се вели дека адвокатот има право на жалба но тоа не го одлужува извршувањето на казната.
Поврзани објави
Јавното обвинителство итно да го расчисти случајот „Јавна соба“
Платформата за родова еднаквост денес одржа прес-конференција на која упати барања до Јавното обвинителство и Советот на јавни…
Обвинителство : Законот за пробација ќе го намали бројот на притвори
Јавното Обвинителство на Република Македонија го објави извештајот за своето годишно работење во кое детално и графички се…
Една и пол година затвор за градоначалникот на Ново Село фатен при шверц на цигари
Градоначалникот на Ново село Боро Стојчев доби 1.5 години затвор, неговата сопруга Јулијана Стојчева која исто така била…
Протуѓер: Груевски ми спомна дека зел земјиште на Водно од десетина илјади квадрати, а разговаравме за Сопиште
Мартин Протуѓер, еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Никола Груевски, денеска сведочеше на рочиштето за “Плацевите на…