СЈО се сложува Мијалков да оди дома ама да не користи телефон и интернет

Кривичниот суд одлучува за притворот Сашо Мијалов да го замени со куќен. СЈО попладнево го испрати мислењето до Кривичниот суд, со кое бара поблага мерка за поранешниот прв човек на УБК, откако обвинителите на СЈО позитивно одговорија на барањето на Мијалков.

Во предлогот на Специјалното обвинителство се наведува забрана за комуникација со лица и користење средства за комуникација.

Сега судијата на претходна постапка ќе треба да пресече дали Мијалков за новогодишните празници ќе биде дома или ќе чека решение во Шутка, каде се наоѓа од крајот на ноември. Од судот немаа дециден одговор дали уште денеска може да се очекува одлука или евентуално во понеделник.

Мијалков засега е единствениот од случајот „Империја“ кој е во притвор.

Тој оваа мерка ја доби на 2 декември, откако претходно му беше укинат за предметот Тврдина – Таргет.

Total
0
Shares
Поврзани објави