Денеска Специјалното јавно обвинителство го објави воведниот збор за еден од наголемите предмети Тврдина Таргет во кој Сашо Мијалков и дел од врвот на ВМРО ДПМНЕ, бегалците во Грција вработени во МВР , се обвинети за злопотреби и нелегално присилушкување на телефонски разговори.
“Почитуван Суде, почитувани присутни,
Денес сме на почетокот на еден судски процес кој ќе испише нова историја на Република Македонија, ќе го одбележи времето во кое живееме и ќе остави силна порака за генерациите кои ќе дојдат по нас. Кога во февруари 2015 година, сведокот – оштетен Зоран Заев, од позиција на лидер на тогашната опозиција, почна да објавува материјали од незаконски следени комуникации, на граѓаните само им се потврди тоа што години наназад, задкулисно, се коментираше при секој телефонски повик, при секоја средба „Не по телефон, можеби нѐ слушаат“!

Додека вниманието на светската јавност беше насочено кон политичките елити и нивниот капацитет да изнајдат начин да ја извадат земјата од кризата која ја предизвика обелоденувањето на фактот дека со години одредени структури за приватни, политички и бизнис цели грубо го кршеле законот и ја нарушувале приватноста на народот, обичниот граѓанин го интересираше само кој, на каков начин, со кои средства, и од кои мотиви го извршил масовното прислушкување… Ова јавно обвинителство во текот на предистражната и истражната постапка обезбеди голем број на материјални докази и искази на сведоци кои ја решија дилемата кој, на каков начин, со кои средства и од кои мотиви го вршел масовното прислушкување во Република Македонија…”

Ова е дел од воведниот збор на обвинителстото а во целост може да се прочита на следниот линк: http://www.jonsk.mk/?p=1789