СЈО ќе влезе во ЈО и без парламентарно мнозинство, план Б

Во случај да не се обезбедат 80 пратеници за донесување на Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на СЈО, владата решенијата за СЈО ќе ги решава преку измени на заканот за совет на обвинители кој се носи со 61 глас.

Планот на владата денеска го откри министерката за правда Рената Десковска, според која во законот за советот на обвинители можело да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство.

„Во случај да не се најде мнозинство за Законот за јавно обвинителство, сите предмети на Специјалното јавно обвинителство ќе ги преземе и ќе ги продолжи друго јавно обвинителство. Или, со измена на Законот за Совет на јавни обвинители, кој се носи со обично мнозинство, ќе се најде решение за функционирање на Специјалното обвинителство“, рече во Собранието министерката за правда Рената Дескоска.

Total
0
Shares
Поврзани објави