СЈО ги тресе фирмите и домот на Орце Камчев

По налог на Специјалното Јавно Обвинителство, Одделот за организиран криминал на МВР придружуван од обвинители и истражители на СЈО во 05:30 часот утринава влезе во сите фирми на Орце Камчев низ Македонија.

Неогицијално од СЈО има информација дека се врши претрес, со цел за прибавување докази во сите фирми и во домот на Камчев.

Орце Камчев е сопственик на ланец на фирми во Македонија и надвор од Македонија, а во 2017 од страна на Република Бугарија беше предложен за почесен конузл на Бугарија во Македонија.

Камчев е сопственик и акционер во повеќе компании: КБ Аџибадем Систина, Аџибадем Сити Клиник во Бугарија, ЗК Пелагонија, Пелагонија Енерџи, Стопанска банка Битола, Жито Полог а.д. Тетово, Млекара Здравје Радово, Систина Нефроплус, Бетон-Штип а.д. Штип, Хотел Мериот, Хотел Ибис, Монт, Кара АД.

Total
0
Shares
Поврзани објави