Адвокатот Љупчо Шврговски и уште неколкумина кои се дел од одбраната на денес приведените пратеници и поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, го напуштија Кривичниот суд. Шврговски со уште двајца адвокати излегоа од задната врата на судот во катната гаража и со луксузното БМВ замина од судот. Шврговски и адвокатите денеска неколку пати излегуваа пред судот пушеа цигара и правеа паузи. Распитот на Чавков е завршен, а други детали никој не соопштува со оглед дека постапката е тајна.
Пред судот се околу стотина демонстранти кои со запалени огнови и топол чај го чекаат исходот од постапката. Меѓу нив се и пратеници од вмро -дпмне.