Седум и пол години затвор за дедото на Тамара кој пукаше во Никола Тодоров

Судскиот совет пресуди 7 години и 6 месеци затвор за дедото на малата Тамара кој разочаран од здраствениот систем пукаше кон поранешниот минстер за здраство Никола Тодоров.
„Не сум имал намера да го убијам Никола Тодоров, ако сакав јас во Велес ќе го убиев, немаше да чекам 3 години“, ова го кажа Љупчо Стојановски пред да ја чуе пресудата. Бараше поблага казна или ослободителна пресуда разочаран оти ја нема омилената внука но и целото семејство. Не е во добра здраствена состојба особено отка дозна дека родителите на тамара се отселија од Македонија и немаат намера да се вратат.
Вели дека пиштолот го носел со себе дента кога Тодоров му ја предаваше министерската фотелја на Арбен Таравари, само за да пука во воздух како предупредување за веќе никогаш да не се повтори неправдата која ѝ беше нанесена на неговата внука. Стојановски тврди дека бил разочаран од ветувањето на Тодоров дека ќе ги покрие трошоците на Тамара во странство, но не го сторил тоа. Дедото на Тамара веќе една година е во затвор.
Малата Тамара почина на 9. февруари 2015 година, а се бореше со тежок деформитет на р’бетот.

Total
0
Shares
Поврзани објави