Се одлагаат судењата по предметите на СЈО- Фетаи го бара решението за притвор на Јанева

И денешното судење за случајот „Насилството во Центар“ се одложи за септември откако одбраната на обвинетите побара да се утврди и воедно ја оспори надлежноста на обвинителите на СЈО кои беа во судница.

-Причините се следни: Општо познато е дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа во притвор како осомничена во „Рекет“. Постои страв дека може да го повтори кривичното дело. Според законот за СЈО, Јанева врши надлежности на застапување на обвиненија во повеќе предмети, во кој е и конкретниот. Ова значи дека специјалната јавна обвинителка можела во сите, па и во овој предмет, да го повтори кривичното дело, поради што се наоѓа во истражниот затвор „Скопје“, кажа адвокатот Дангов и појасни дека според Законот за СЈО, само Јанева е надлежна за застапување на предметите.

-Со должна и искрена почит спрема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, тие не го застапуваат предметот, туку специјалната јавна обвинителка, а таа е спречена. Она право што го нема Јанева, го немаат ниту останатите обвинители. Оваа правна ситуација претставува пречка за продложување на овој предмет а и на сите останати. Судот да донесе решение со кое ќе ја одложи главната расправа, бидејќи пречката што ја образзложив е пречка за одржување на главната расправа, бидејќи во овој предмет не постои овластен обвинител, рече адвокатот Дангов.

Свој коментар даде и адвокатот Дончо Наков кој кажа дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ззаборавил да ја одалечи Јанева од функцијата штом завршила во притвор, а во решението стои и основот влијание на сведоци што според адвокатот може да се направи и преку замениците обвинители.

Обвинителката Фетаи пак истакна дека најпрвин треба да се види решението за притвор, па потоа да се произнесат.

-Од страна на почитуваниот колега Дангов беа наведени основите за одредување на мерката притвор на специјалниот јавен обвинител, а особено дека постои опасност од повторување на кривичното дело.

Да се прибави решението за притвор за обвинителката Катица Јанева, да се види што точно се штити, па потоа да се види дали има некаква пречка за наше постапување. За вакво барање се имаме обратено и до Советот на јавните обвинители и се уште очекуваме одговор, рече Фетаи.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Објавена пресудата на Управниот суд: Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција

Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција, пресуди Управниот суд по тужбата…