СДСМ најавува ревизија на судски пресуди

Ако СДСМ формира влада се обврзува дека ќе го прочисти правосудството и ќе го провери потеклото на пари и имот на секој функционер.

„Новата влада посветено ќе се зафати со борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа – без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат“, стои во денешното соопштение на СДСМ.

Тие ветуваат дека судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам, а по случаен избор ќе има и темелна ревизија на 5 попсто од сите судски пресуди во последните 5 години.

„Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство“, ветува СДСМ

Спред нив, Законот за јавно обвинителство, спречува политиката да се меша во судските одлуки, а сите предмети за висока корупција мора да имаат судска разрешница. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ацо Колевски – обвинителот кој побара укинување притвор на Кочан додека беше во бегство, нов претседател на Советот на јавни обвинители

Едногласно без противкандидат и зад затворени врати членовите на Советот на јавните обвинители го избра обивнителот Ацо Колевски…