Саздо бил удрен со нога во вратот!

Сведокот Миле Алексовски на судењето за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски денеска во судница ги препозна Бесир Беља и Скендер Демири, кои според обвинителниот акт заедно со Јетон Љужа (19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската станица пред „Алкалоид” на булевар „Александар Македонски” во Автокоманда.

-До мене беше покојниот Никола и девојката, дојдоа тројца дечки мислев дека се знаат, му побараа лична карта и почнаа да го удираат. Викав остајте го детето ќе викнам полиција. Тоа траеше околу минута, минута и пол. Детето падна од удирањето и удри на главата. Двајца дечки побегнаа накај колата „мерцедес“, а едниот го удри со нога на вратот. Ја запалија колата и отидоа, сведочеше Алексовски.

Се обиделе да го освестат детето, го вртеле на страна, но испуштил крв од уста.

Обвинителот побара исклучување на јавноста поради вознемиреност на сведокот, но судечкиот совет го одби барањето.

Во моментов адвокатот на обвинетите побара изземање на судијката оти не внесувала во записник така како што зборуваат сведоците.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Судење Монструм: На средба кај претседателот со семејствата на убиените деца разбравме дека лидерот на СДСМ им кажал клевети за паднат телефон од полициски службеник -телефонот ми е дома !

Поранешниот советник за национална безбедност Синиша Алексовски, на денешното рочиште за „Монструм“, рече дека имал усна информација од полицискиот…